Име и презиме: Стојко Стојков
Факултет каде што предавам, титула и област на специјализација:
Предавам на Факултетот за образовни науки како вонреден професор од областите на средновековна историја и византологија, специјализирам во етнички и идентитетски прашања.Образование:
Основно и средно образование завршив во мојот роден град Сандански, во Пиринска Македонија (Р Бугарија). Завршив Историја на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што магистрирав и докторирав.
Студенти на програмата по историја на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип учествуваа на семинар насловен „Градење на капацитетите на младите историчари за справување со блиското минато“, организиран од Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија (АНИМ), кој се одржа од 25 до 27 ноември во Охрид.
Повеќе...Изминатиот период Факултетот за образовни науки во соработка со НВО„ЛОЈА“ го имплементираа проектот „Втемелување на Мулти-етничка младинска работа во наставната програма на Универзитетите за идните наставници“. Имено, самиот проект беше спроведен преку теоретска обука од страна на стручни лица со интерактивни методи и техники, кои придонесоа студентите врз основа на теоретски сознанија и практични искуства да изградат поинаков поглед кон светот.
Повеќе...