Во изминатиот период на Факултетот за образовни науки гостинка беше проф. Јуми Такахаши од Јапонија. За време на посетата таа одржа неколку настани, а дел од нив влегоа и во редовната програма на Штипското културно лето.
Во рамките на ШКЛ, проф. Јуми Такахаши одржа предавање за Филозофијата на образованието во Јапонија.
Вториот настан се одржа на 5 јули во рамки на Летната школа при НУ „Гоце Делчев“ во Штип. Активноста произлезе од соработката на Американското катче и Факултетот за образовни науки. На овој настан беше реализирана работилница за деца на возраст од 8 до 12 години. Проф. Јуми ги запозна децата со животот и културата во Јапонија, заедно изработија неколку вида на оригами и децата научија неколку јапонски зборови и обичаи.