Во Факултетот за образовни науки на УГД, денес се одржа состанок на Националното тело на проектот Арисе – Акција за намалување на нееднаквоста во образованието. Проектот го зафаќа прашањето за сиромаштијата и нејзиното влијание врз учениците на две нивоа: од една страна образовните и социјалните политики можат да обезбедат долгорочни решенија за подобрување на рамноправноста во образованието, а од друга страна пилот-интервенциите на училишно ниво помагаат при задоволување на непосредните потреби на учениците со низок социо-економски статус.

Денес сме собрани овде во Штип од училишта, невладини организации, факултети и други чинители кои работат на овој проект. Целта е да се видат политиките и практиките на образованието во Македонија. Од една страна ние денес ќе ги разгледаме државните документи, а и патоказот кој содржи препораки и мерки за справување со сиромаштијата во образованието во Македонија, изјави Елена Мишиќ, проект-координатор.

Патоказот кој денес го разгледуваше Националното тело носи низа препораки кои треба да се усвојат со цел да се намалат разликите, но и да се ублажи ударот од сиромаштијата во основното образование во Македонија. Партнер во проектот е Факултетот за образовни науки на УГД.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.