- Универзитетско студентско собрание
Универзитетското студентско собрание е тело на Универзитетот во кое членуваат претставници на студентите. Универзитетското студентско собрание ги штити интересите на студентите, преку свои претставници учествува во одлучувањето во органите и телата на Универзитетот и ги претставува студентите во рамките на високото образование како членови на академската заедница.
Согласно со Законот за високо образование, Универзитетското студентско собрание ги има следниве надлежности:
- избира студентски претставници во Сенатот и во другите органи и тела на Универзитетот;
- донесува план и програма за својата работа;
- предлага студентски правобранител;
- се грижи за квалитетот на животот на студентот и квалитетот на процесот на студирање, студентскиот стандард, остварувањето на студентските права и интереси и за студентската културна, социјална и интелектуална надградба,
- им предлага на органите на управување план за финансирање на студентските активности;
- поттикнува студентски активности надвор од наставниот процес;
- донесува општи акти на студентското собрание согласно со Законот и Статутот на Универзитетот;
- врши други активности од интерес на студентите.
Универзитетското студентско собрание е составено од претставници на студентите, именувани од редот на претставниците избрани во факултетското студентско собрание.
Факултетските студентски собранија и студентските собранија на високите стручни школи именуваат по двајца претставници во Универзитетското студентско собрание на Универзитетот.
Претседател на Универзитетското студентско собрание се избира од редот на претставниците именувани во Универзитетското студентско собрание.
Мандатот на членовите и на претседателот на Универзитетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор.
Бројот на членовите на Универзитетското студентско собрание, како и органите на Универзитетското студентско собрание и начинот на нивниот избор се уредуваат со статутот на Универзитетот. Универзитетското студентско собрание има Статут. Статутот на универзитетското студентско собрание се донесува по претходна согласност од Сенатот на Универзитетот.
Работата на Универзитетското студентско собрание се финансира со средства на Универзитетот, во рамките на кој делува Универзитетското студентско собрание.
Претставници во Универзитетското студентско собрание од редовите на студентите на Факултетот за образовни науки се:
Елена Шутевска
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
и
Габриела Коцева
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Факултетско студентско собрание
Факултетското студентско собрание е тело на Факултетот за образовни науки, во кое членуваат претставници на студентите. Претставниците во факултетското студентско собрание се избираат на непосредни, фер и демократски избори со тајно гласање. Право да избираат и да бидат избрани за членови на Факултетското студентско собрание имаат сите студенти на факултетот, кои се запишани на студии на Факултетот за образовни науки во учебната година во која се избира Факултетското студентско собрание.
Мандатот на членовите и на претседателот на Факултетското студентско собрание трае една година, со право на уште еден избор.
Изборот на членовите и на претседателот на Факултетското студентско собрание се одржува секоја година во термин утврден со Статутот на Универзитетското студентско собрание.
Изборите за членовите на Факултетското студентско собрание ги распишува деканот во рок од 30 дена пред нивното одржување. Во одлуката за распишување на избори, деканот именува изборна комисија составена од студенти и наставници, односно соработници, која ги спроведува изборите за членови на Факултетското студентско собрание. Мнозинството членови на изборната комисија ја сочинуваат студентите.
Со Факултетското студентско собрание претседава претседател, кој се избира на непосредни и тајни избори. Претседателот ги извршува одлуките на Факултетското студентско собрание, ги застапува студентите и Собранието, и е одговорен за неговата работа.
Претседател на Факултетското студентско собрание при Факултетот за образовни науки:

Севил Мемиш, број на индекс 142417 (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.)
Членови на Факултетското студентско собрание при Факултетот за образовни науки:
- Мартина Минова, број на индекс 142380, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Сара Думова, број на индекс 142378,
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Наталија Петрова, број на индекс 142399, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Габриела Коцева, број на индекс 142401, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Сара Стојановска, број на индекс 142384, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Елена Шутевска, број на индекс 142388, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Севил Мемиш, број на индекс 142417,
Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Михаела Чимкова, број на индекс 142299, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Марија Бошнакоска, број на индекс 142221, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
- Марија Крстева, број на индекс 142206, Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Студентите на Факултетот за образовни науки имаат и свои претставници во рамките на Наставно-научниот совет на Факултетот. Тековни претставници од редот на студентите во рамките на Наставно-научниот совет на Факултетот за образовни науки се:
- Студентски правобранител
Студентскиот правобранител постапува по поднесок од страна на студент или по сопствена иницијатива доколку увидел дека е повредено правото на студентот од страна на органите на Универзитетот или друг член на академската заедница на Универзитетот. Органите на високообразовната установа се должни да постапат по укажувањата на студентскиот правобранител.
За својата работа студентскиот правобранител поднесува Годишен извештај до Универзитетскиот сенат. Мандатот на студентскиот правобранител трае две години.
Универзитетското студентско собрание на УГД за студентски правобранител во 2026 година го избра Антонио Василев, студент во четврта година на Музичката академија при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, кој со денот на донесувањето на Одлуката се стекнува со мандат во траење од две години.

Контакт:
е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.