Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“- Штип го задржува континуитетот на организирање на Меѓународна научна конференција на тема „Современото воспитание и образованието – состојби, предизвици и перспективи“, која оваа година ќе се одржи по шести пат, на 11 и 12 мај 2018 година во Штип.
Оваа шеста по ред Меѓународна конференција годинава се организира во соработка со Факултетот по педагогија при ЈЗУ Неофит Рилски, Благоевград – Р. Бугарија и со Педагошкиот факултет при Приморски универзитет, Копер – Р. Словенија.
Настанот е продолжение на заложбите за развој на научната мисла во полето на образованието како едно од најважните вложувања што општеството може да ги направи и своевидна инвестиција во иднината на секој народ и иднината на човештвото, воопшто.
Како високообразовна институција, организатори на конференцијата, кои долги години се занимаваме со образование на наставници и воспитувачи, имаме чест и задоволство да ги поканиме сите оние кои чувствуваат потреба да дискутираат, да ги споделат своите искуства и знаења во однос на состојбите, предизвиците и перспективите на воспитанието и образованието денес, означено како современо, да ни се придружат на овој настан. Се надеваме дека овој меѓународен форум на научници, експерти, практичари и креатори на образовни политики ќе даде релевантни анализи на моменталните состојби во воспитанието и образованието (од различни аспекти) и ќе понудат критичко-перспективни и прогресивни колективни решенија за развој.
Application form
Invitation en
Template en
Пријава
Покана
Темплејт