Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ денес организираше настан за одбележување на светскиот ден на учителот. По тој повод на тркалезна маса учествуваа сите чинители во образованието во регионот. Сите образовни институции, сите воспитни установи, како и носителите на политики во градот и во државата.
- Идејата е подобра заедница и создавање на подобри училишта. Постојаниот развој и соработка е одраз на една заедница. Зашто е важно да се подобруваме и да создаваме мрежа на соработка. Подигањето на свеста и културата, всушност, е подобрување на сите институции во кои дејствуваме. Идејата е да воспоставиме подобра мрежа на соработка и да одговориме на актуелните предизвици - истакна проф. д-р Кирил Барбареев, професор на Факултет за образовни науки.
Настанот беше насловен како „Училиштето и заедницата – партнери за поквалитетно образование“, а се одржа во просториите на Факултет за образовни науки.