Во рамки на Еразмус плус програмата, денес во посета на Факултетот за образовни науки беше проф. д-р Мариус Земло од Универзитетот од Бјалисток – Полска, Институт по социлогија.
На средбата со деканот на Факкултетот за образовни науки, проф. д-р Емилија Петрова Ѓорѓева, се разгледаа можностите за потпишување на договор за соработка помеѓу Факултетот за образовни науки и Институтот за социологија, како би се продлабочиле понатамошните активности и научното искуство.
Професорот Мариус Земло оствари средба со проф. д-р Даниела Коцева, професор по социологија и продекан на Факултетот за образовни науки, каде се отворија теми на итерес за подобрување на квалитетот во истражувачките области, запознавање со образовните програми од областа на социологијата, особено оние поврзани со социологијата на образованието, вредностите и религијата.
Проф. д-р Мариус Земло воспостави и научни контакти со дел од вработените на Факултетот за образовни науки.