Научното списание „Воспитание“, кое излегува во рамките на Факултетот за образовни науки, оваа година бележи 20 години од првиот број.
Списанието има долгогодишна заложба за придонес во полето на педагогијата и образованието, како најважни инвестиции во општеството, во иднината на секоја нација и човештвото воопшто.
Во минатите 20 години ова списание се издигна во почитуван научен медиум, како во домашните така и во меѓународните научни кругови во областа на педагогијата. Годинава списанието поднесе барање за индексирање во најзначајните светски научни бази – СКОПУС и ЕБСКО.
Годинава е отворен повикот за доставување трудови во ова списание. Повеќе информации на линкот во продолжение:
https://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/announcement/view/48