На работната средба учествуваа претставниците од тимот на „ЛОЈА“ и професорите вклучени во проектот: Проф. д-р Снежана Мирасчиева, проф. д-р Соња Петровска, проф. д-р Даниела Коцева, како и деканот на Факултетот за образовни науки проф д-р Емилија Петрова Ѓорѓева.

На овој состанок главно се осврнавме на тековните активности на проектот како и на идните планови и предизвици меѓу кои: регионална посета на студентите, академска размена, мобилноста, како и зголемување на вклученоста, на студентите во граѓанскиот активизам.

Заеднички разговаравме за следните чекори и активности на проектот.

Универзитетот „Гоце Делчев“ - Факултет за образовни науки, Штип, покажа подготвеност и интерес за потпишувањето на заедничкиот меморандум меѓу сите инволвирани институции: KURVE Wustrow e. V., Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Универзитет на Југоисточна Европа, Универзитет во Тетово, Универзитет „Св.Климент Охридски“, Битола и НВО-„LOJA“ што обезбеди флексибилно обединување, како и зголемување на интересот за следниот циклус на проектот.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.