На 27 јануари 2021 г. се одржа меѓународна округла маса на тема „Идентитет и интерпретации. Што е достижно во дијалогот меѓу Софија и Скопје?“, во организација на „Маргиналија“.
Во неа зедоа учество 23 претставници од Бугарија, Македонија, Белгија и Грција, а меѓу нив професори по историја, право, филологија, психологија, културологија, политикологија како и новинари и писатели.
Од Македонија учествуваа Стојко Стојков, вонреден професор од Факултетот за образовни науки при Универзитетот Гоце Делчев во Штип, Љубомир Фрчкоски - Ректор на Американскиот универзитет „Европа”-Скопје (ФОН), Катерина Колозова - редовен професор и виш научен советник, директор на Институт за општествени и хуманистички науки- Скопје, Ана Чупеска - вонреден професор на Правниот факултет, Св. Кирил и Методиј, Љупчо Петковски - помлад научен асистент на Институтот за општествени и хуманистички науки.
Стојко Стојков настапи со тема за злоупотребата на средновековната историја во современите политички и национални интерпретации и претензии на Софија, а посебно го постави прашањето за македонското малцинство во Бугарија во конфликтот меѓу Бугарија и Македонија и проблемот и опасностите што тоа поставува пред евроинтеграцијата на Македонија.