Факултетот за образовни науки беше домаќин на вториот студентски патувачки семинар „Студентска мобилност - можности и предизвици“.
Овој патувачки семинар е дел од проектот на катедрата „Социјална работа“ за стимулирање на меѓународна мобилност на студенти и докторанти од насоката „Социјални дејности“ при Универзитетот во Шумен од Република Бугарија. Професорите и студентите на трет циклус при Универзитетот во Шумен на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ разменија идеи и искуства за понатамошни активности.