Неодамна на Универзитетот Гоце Делчев во Штип се одржа консултативен состанок со 38 млади студенти од УГД.
Консултативниот состанок е во организација на РИКО – Регионалната Канцеларија за Младинска Соработка во рамките на проектот: Подобрување на младинската соработка и младинската размена на Западен Балкан 6 – финансиски поддржан од Европската Унија. Целта на состанокот е да се слуше мислењето на младите, ставовите, идеите на младите на возраст од 18-30 години кои до сега не учествувале на младински размени. РИКО подготвува нов повик за предлози и мислењето на младите е навистина важно затоа што идеите што беа предложени од младите ќе се искористат за подготовки на 4 отворен повик на РИКО.
Фасилитатори на консултативниот состанок беа: Алберт Хани -Директорот на локалната канцеларија на РИКО и Ирена Китанова – Продекан за настава на Универзитетот Гоце Делчев – Штип.