Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип организира серија јавни предавања и работилници на тема „Философија со деца и развој на критичко мислење“.

Организацијата на работилниците е на Институтот за применета философија и етика на ФОН, а предавач е проф. д-р Бруно Чурко од Факултетот за хуманистички и општествени науки на Универзитетот во Сплит, Хрватска.

Предавањата ќе се реализираат во периодот од 25 до 28 ноември 2019 година, а распоредот на темите е следниот:

  • 25.11.2019 (понеделник), 10.00 ч. - Јавно предавање „Философија за/со деца и критичко мислење“
  • 26.11.2019 (вторник), 11.00 ч. - Предавање за студенти „Критичко мислење како лајт философија“
  • 27.11.2019 (среда), 11.00 ч. - Предавање и работилница за студенти „Сократовски дијалог“
  • 28.11.2019 (четврток), 10.00 ч. - Работилница за одделенски наставници и воспитувачи „Философија со деца – учење за мислење“

Предавањата и работилниците ќе се одржуваат во свечената сала на Факултетот за образовни науки.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.