21 студент од сите педагошки факултети во државата во изминатиот период имаа студиска посета во Хамбург, Германија. Хамбург е град кој е обликуван од миграцијата и бегалците, а насловот на оваа студиска посета беше „Образование во контекст на миграцијата: трансформирање на предизвиците“.
Покрај информациите за темата миграција и бегалците во Хамбург преку турнеи, го посетија и ИКМ институт кој работи на различни теми за предизвици поврзани со луѓе од различни култури и средини што живеат на едно место. Покрај тоа што даваат обуки за наставниците, тие се фокусирани и на медијацијата.
Посетата на центар што работи на правата на Синти, Ромите и образовните прашања им овозможи на студентите да се запознаат повеќе со животот на Синти во Германија и да се вклучат во дискусиите меѓу студентите за состојбата во Северна Македонија. Друга важна програма беше посетата на училиште кое се наоѓа во област со многу семејства со миграциско потекло или понизок социо-економски статус. Училиштето е модерен проект за форма на повеќе учество во училиштето. За време на посетата студентите повеќе ја запознаа програмата за медијација во училиштето, нивните активности за поддршка на бегалците, проект за градинарство и генерален пристап кон превенција и решавање на конфликти. Покрај тоа, студентите ја посетија најголемата јавна библиотека во Хамбург и Меморијалниот центар од поранешниот концентрационен логор близу Хамбург, кој за повеќето студенти беше прв пат да ја посетат спомен-страницата на концентрациониот логор.
Во посетата беа вклучени етнички мешани студенти од сите универзитети кои соработуваат (Факултет за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип, Институт за педагогија при Државен универзитет во Тетово, Институт за педагогија во рамките на Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје, Педагошки факултет „Св. Климент Охридски“ - Скопје, Педагошки факултет во рамките на Универзитет „Св. Климент Охридски“ во Битола и Универзитет на Југоисточна Европа), кои беа дел од обуките и учествуваа како членови на тимот на ЛОЈА.