Во рамките на караванот на деветтото издание на Филозофскиот филмски фестивал, Институтот за применета философија и етика при Факултетот за образовни науки – Штип организираше прикажување на два наградени филмови во долгометражна и краткометражна продукција.
Станува збор за филмовите „8 минути и 19 секунди“ и „Ноќен разговор со џелат“.
Филмовите веќе традиционално се прикажуваат од страна на УГД и привлекуваат внимание кај штипската публика. Настанот се одржа во свечената сала на Правниот факултет, а караванот продолжи со прикажување на филмовите во другите градови низ државата.