Вчера во просториите на Факултетот за образовни науки беше промовирана книгата „Тековите на тесавуфовот“ од авторот Метин Изети. Според авторот станува збор за необична книга, но многу важна за културното наследство на Македонија.

  • Штип е еден крстопат на исламската мистика. Исламската мистика е наше традиционално наследство на овие простори кое треба да го култивираме. Посебно за време на Oсманлиската Империја одиграла голема улога за почитта меѓу луѓето и разните размислувања. Јас мислам дека сите овие нови авангардни дијалози треба да се базираат во принципите на старите навики на почитта меѓу луѓето - изјави Метин Изети, автор на книгата кој воедно е и професор на Државниот универзитет во Тетово.

Промотор на книгата беше доц. д-р Трајче Стојанов од Факултетот за образовни науки, кој го истакна значењето на ваква литература за овие простори.

  • По првпат на УГД, а особено на ФОН, се случува специфична промоција на една книга која говори за исламската култура и религија. Сосема случајно, но многу интересно во очи на чествувањето на денот на ЕУ како еден влог на УГД во меѓусебното разбирање на културите. Чест ни е и задоволство што го имаме колегата Мемети овде - изјави доц. д-р Трајче Стојанов.

Промоцијата се одржа на Факултетот за образовни науки, а беа присутни голем број студенти.

 

 

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.