Денес во просториите на лабораторијата „UGD Makerspace“ на Кампус 2, студентите на Факултетот за образовни науки како дел од проектот „Промоција на безбедна училишна средина“, заедно со проф. д-р Ирена Китанова, присуствуваа на презентација од тимот на лабораторијата на уредот Meta Quest 3 за примена во наставата со деца од 7 до 12 години. Примарен фокус беше ставен на физичката, здравствената, психолошката и дигитална безбедност на децата, како и значајните можности за унапредување на образовниот процес преку употребата на Mixed Reality-MR.



