На Факултетот за образовни науки (ФОН) при УГД беше промовирана книгата „Оригиналниот ракопис од прогласот и останатите печатени прогласи на царот Леополд I, од 1690 година, со кој го зема македонскиот народ под своја заштита“, од авторите Џони Тодоровски и м-р Александар Донски.

 За што станува збор во оваа книга и која е нејзината вредност, појасни м-р Александар Донски.

- Се работи за едно писмо што царот на Светото Римско Царство, Леополд Први, го упатил за заштита на македонскиот народ во 1690 година. Ова писмо досега беше познато, но само во преписи во македонската историографија, меѓутоа неодамна е откриен оригиналот во ракопис и утврдено е дека има некои разлики од ракописот до она што е познато во нашата историографија. Разликата е во тоа што тие двајца Македонци кои отишле кај царот Леополд да го молат да објави ваков проглас, тие всушност биле офицери во неговата војска, а тоа досега не се знаеше во преписите на тој проглас. Сега таа своевидна дилема е отстранета и во тоа е една од важностите на овој ракопис, а освен тоа, се разбира, и фактите што таму се признава македонскиот народ, тие се наречени Македонци од царот Леополд Први, кој во тоа време бил еден од најмоќните луѓе во светот.

Промоторот, академик Стојко Стојков, истакна дека станува збор за многу важни документи кои даваат голем придонес за нашата наука, но и за македонскиот народ.

- Тоа се многу важни документи, кои покажуваат постоење на поимите Македонци, македонски народ и на луѓе кои се самоопределувале на тој начин, уште во 18 век, официјално прифатени и признаени, и тоа се документи коишто беа оспорувани, а сега еве ги имаме благодарение на авторите. Ги имаме во оригинал, ги имаме како факсимил, транскрибирани на латински, ги имаме на македонски јазик, ги имаме и на англиски јазик. Тоа се многу важни документи и мислам дека тоа е нешто кое дава многу голем придонес за нашата наука, а дава можност овие документи да се користат и во странство, и во светската наука и кај нас, а исто така им дава можност на сите граѓани на Македонија да се запознаат со нив. Тоа се многу важни документи за нашето минато – рече академик Стојков.

Авторот Џони Тодоровски смета дека со вакви истражувања и откривање на документи кои се кријат или не се откриени се придонесува за вистината за македонскиот народ, практично како што сите ние можеме да придонесеме, но со промоцијата меѓу студентите, и тие може да се мотивираат да истражуваат.

- Целта на денешниот настан е да обелоденуваме повеќе и повеќе документи околу Македонија коишто се кријат или не биле откриени. Досега имам објавено пет книги, завршуваме со шестата, имаме две во развој кои ќе ги работиме. Едната е лексикон на 16 век и уште една книга од Егејска Македонија која сега ја преведуваме. Целта е да се поттикнат студентите, но и научната јавност во Македонија да гледа надвор од книгите коишто само нам ни се сервираат, значи има и друга граѓа која не е објавена, не е истражена, и да ги поттикнеме студентите повеќе да истражуваат.

 

Видео

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.