Универзитет „Гоце Делчев“ заедно со Издавачката куќа „Просветно дело“ на 26 април 2018 година организираат обука за чинителите во образовниот процес (директори, стручни работници, воспитувачи, негуватели ...).

Во текот на два дена (26 и 27 април) во Мултимедијалниот центар на УГД обука ќе добијат преку 600 лица од образовните институции во Македонија.

Обуката ја организира Факултетот за образовни науки при УГД заедно со Издавачката куќа „Просветно дело“, а во соработка со Катедрата за педагогија при Филозофскиот факултет на УКИМ - Скопје и

Педагошкиот факултет „Св. Климент Охридски“ при УКИМ - Скопје.

Предавачи ќе бидат: проф. д-р Лена Дамовска, проф. д-р Кирил Барбареев, проф. д-р Флорина Шеху, проф. д-р Снежана Мирасчиева, проф. д-р Снежана Јованова-Митковска и проф. д-р Маја Рауник-Кирков.

Обуката ќе започне во 11 часот во Мултимедијалниот центар на УГД.

Обуката е на тема „Дидактичко-методските аспекти и литературно-уметничките специфики на списанието за најмали ’Росица’ и прирачната литература за предучилишната програма, одобрени за употреба од МТСП при реализација на Програмата за рано учење и развој“.

Вашето присуство потврдете го на следнава е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.