Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип денес свечено одбележа 30 години од прераснувањето на Педагошката академија „Гоце Делчев“ во Педагошки факултет. 

Јубилејот беше одбележан со свечена академија, на која беа доделени признанија на бројни институции, организации и поединци кои дале значаен придонес во создавањето, развојот и афирмацијата на оваа високообразовна институција.

Признанија добија поранешни декани, професори и соработници, како и претставници на државни и локални институции кои низ годините биле поддршка на факултетот. Свечената програма беше збогатена со музички изведби на студенти и професори од Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“.

Деканот на Факултетот за образовни науки, проф. д-р Трајче Стојанов, во своето обраќање истакна дека 30-годишнината претставува значаен јубилеј, но и меѓник во подолгата историска линија на институцијата.

„На 19 јуни 1995 година, со Одлука на тогашниот Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ и со одобрение од надлежното министерство, Вишата педагошка академија прерасна во Педагошки факултет, со што двегодишните студии станаа четиригодишни. Иако 30 години се значаен јубилеј, тоа е само една етапа од развојот на институцијата, чии корени датираат уште од 1946 година со основањето на Учителската школа“, истакна проф. д-р Стојанов.

Тој нагласи дека со формирањето на Универзитетот „Гоце Делчев“ во 2011 година бил формиран и Факултетот за образовни науки, во кој биле интегрирани сите дотогашни дисциплини од современата педагошка наука.

„Оваа долга традиција нè обврзува не само да продолжиме, туку и да работиме уште понапорно. Од овој факултет произлегле бројни учители, наставници и педагози, а во иднина планираме акредитација на нови студиски програми со цел проширување на факултетот и одговор на современите образовни предизвици, особено оние што ги носи развојот на информатичката технологија и вештачката интелигенција“, додаде деканот.

На свечената академија се обрати и поранешниот декан на факултетот, сега пензиониран, проф. д-р Блаже Китанов, кој истакна дека речиси целиот свој работен век го поминал токму на оваа институција.

„Од 1980 до 2020 година работев на овој факултет. Не беше лесно, но секогаш беше возбудливо, интересно и мотивирачко да се работи на едукација на наставници и воспитувачи. Денес, во услови на доминација на информатичката технологија, потребен е нов пристап во работата со студентите, со цел книгата и знаењето да им се доближат на младите генерации“, истакна Китанов.

Со одбележувањето на овој значаен јубилеј, Факултетот за образовни науки уште еднаш ја потврди својата улога како еден од носечките столбови во образовниот систем и во развојот на педагошката наука во земјата.

Видео

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.