Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип годинава одбележува значаен јубилеј – 30 години од прераснувањето на Педагошката академија „Гоце Делчев“ во Педагошки факултет.

По тој повод, на 23 декември 2025 година (вторник), со почеток во 11 часот, ќе се одржи Свечена академија во Кампус 2 (поранешен Педагошки факултет/академија), во амфитеатар 2 – голем амфитеатар, на вториот кат.

Јубилејот претставува три децении континуирана високообразовна дејност, научна работа и значаен придонес во образованието и развојот на наставно-научен кадар во државата. Настанот ќе биде можност да се направи осврт на развојот на факултетот, неговата улога во образовниот систем, како и визијата за идниот развој.

Свечената академија ќе вклучи официјален протокол и обраќања на претставници на Универзитетот и Факултетот за образовни науки, доделување признанија и плакети, како и положување цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во Кампус 2, со што ќе се одбележи овој значаен јубилеј.

 

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.