Факултетот за образовни науки преку поткастот „Црно-бело во боја“ организираше јавна дебата насловена „Културен предизвик“, која обедини голем број културни работници од Штип и од регионот, како и студенти и професори од Универзитетот „Гоце Делчев“.

Ова е предизвик со кој ги собираме претставници на културните институции и студентите со цел да направиме платформа преку која ќе можат да си го најдат својот културен предизвик. Факултетот, исто така, ќе може да го понуди она што мисли дека треба пред студентите, а целта е да ги пронајдеме оние студенти и млади луѓе кои ќе сакаат да се приклучат кон овој предизвик“, изјави проф. д-р Оливер Цацков, еден од организаторите на настанот и автор на поткастот „Црно-бело во боја“.

Студентите, исто така, беа дел од овој настан и имаа можност да ги изнесат своите ставови и гледања за тоа како треба да изгледа културната понуда во Штип.

Со оваа дебата сакаме да ги предизвикаме сите студенти и млади, но и сите институции, како Универзитетот, градот и културните институции во Штип кои ќе понудат соодветни и добри содржини за младите“, истакна Александар Величков, студент на УГД.

Од Домот на младите истакнаа дека ваквите настани ќе помогнат да се подобрат културните настани и дека се подготвени за заедничка соработка со студентите и со младите.

Ние сме институција која технички е најподготвена и ги имаме сите предуслови за културни настани. Во оваа пригода сакам да истакнам дека сме отворени за соработка со младите и ги повикувам таа отвореност да ја искористат во секој момент“, истакна Видан Лазарев, директор на Домот на младите во Штип.

ВИДЕО --- https://youtu.be/yjpyHDdONCc 

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.