Професорот на Факултетот за образовни науки проф. д-р Никола Смилков ќе има своја самостојна изложба во Њујорк, Соединети Американски Држави.
Проф. д-р Смилков на 28 ноември во 17 часот ќе ја отвори својата самостојна изложба во престижната Галерија „Виктор“ (Victor Gallery) во Њујорк.
- Изложбата е реализирана по покана на директорот на галеријата, Виктор Машихи, кој искажа големо интересирање за моите дела. На изложбата ќе бидат претставени 12 скулптури изработени во мермер и бронза, селекција од двата циклуси - „Емоции“ и „Емотивни патувања“ - вели Смилков.
Тој веќе е во Њујорк и додава дека Галеријата „Виктор“ е позната по својата колекција на антиквитети и декоративна уметност од осумнаесеттиот до средината на дваесеттиот век, а паралелно промовира и дела на современи ликовни автори.
