Претставници од Педагошкиот факултет при Тракискиот универзитет во Стара Загора, Република Бугарија, престојуваат во работна посета на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во рамките на мобилноста за наставнички кадар преку програмата Еразмус+.

Во состав на бугарската делегација се доц. д-р Донка Желева, професор по Теорија и методика на физичко воспитание, ас. Радостина Дончева, асистент на истиот предмет, и Светлана Колева, експерт во научниот оддел на Педагошкиот факултет. Тие одржаа средба и предавање за студентите од студиските програми Одделенска настава, Предучилишно воспитание и Педагогија, во рамките на предметот Физичко воспитание и образование со методика.

За време на посетата, студентите имаа можност да се запознаат со студиските програми на Тракискиот универзитет, како и со можностите за студентска мобилност што ги нуди програмата Еразмус+.

Бугарските професори остварија и работна средба со раководството на Факултетот за образовни науки – деканот проф. д-р Трајче Стојанов, продеканот за настава проф. д-р Верица Јосимовска и проф. д-р Билјана Попеска. Разговорите беа насочени кон унапредување и продлабочување на меѓуфакултетската соработка, особено во областа на физичкото образование, како и кон планирање на идни заеднички активности, академска размена, апликативни и истражувачки проекти, и продолжување на постојниот Меморандум за соработка.

Посетата претставува продолжение на заедничките активности започнати во мај 2024 година, кога проф. д-р Билјана Попеска гостуваше како предавач на Тракискиот универзитет. Средбата ја потврди заложбата на двата факултети за развивање на академската заедница, размена на знаење и поддршка на студентите и наставничкиот кадар.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.