Во рамки на соработката со УНДП и Општина Штип се бараат за потребите на проект двајца волонтери од завршните години на Факултет за образовни науки.
Волонтерската програма ќе трае три месеци, распределени на следниов начин:
- половина месец за ориентација на волонтерите;
- два месеци активно волонтирање;
- половина месец за изработка на извештај за волонтерската работа.
Волонтирањето ќе се реализира 3 дена неделно, по 4 часа дневно. За периодот на активното волонтирање ќе следува паричен надоместок.
Заинтересираните студенти да се пријават на е-пошта: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
