Двајца професори од Универзитетот во Мурсија во изминатиот период беа дел од Еразмус размена и поминаа една недела на Универзитетот „Гоце Делчев“.
Кармен Масијас и Хуан Солис се задоволни од она што имаа можност да го видат на УГД и од студентите. Тие одржаа предавања на Факултетот за образовни науки во делот на англиски јазик за наставници во предучилишно образование. Професорите беа гости на Универзитетската телевизија и радио и во продолжение проследите го разговорот со нив.