Денот на учителот, 5 октомври, Факултетот за образовни науки го одбележа со работилница на една од моментално најактуелните теми – Вештачката интелигенција во образованието

Предавач на темата „Учителот во ера на вештачка интелигенција“ беше проф. д-р Сашо Коцевски, професор од научната област вештачка интелигенција и системи од Факултетот за информатика при Универзитетот „Гоце Делчев“ -  Штип. Професорот Коцевски истовремено е и автор на „Водич за вештачка интелигенција наменет за наставници, стручни соработници и ученици“, кој беше подготвен од Факултетот за информатика при УГД - Штип, заедно со Министерството за образование и наука.

„Ова, инаку, е дел од серија активности на оваа тема“, истакна деканот на Факултетот за образовни науки, проф. д-р Трајче Стојанов. „Иако поводот е Денот на учителот - 5 октомври, оваа работилница денес е во рамките на една иницијатива која неодамна ја преземавме, за организирање на серија предавања, работилници и трибини на важни прашања кои го тангираат образованието, а кои се актуелни во совремието. Оваа година тоа е темата Вештачка интелигенција и образование и ова е второ предавање во тој серијал, ќе следуваат уште. Од овие работилници ќе биде објавен и зборник, и некаков прирачник кој треба да им биде од полза на наставниците, и на сите оние што се интересираат за овие најактуелни проблеми во светот на науката и образованието. Вештачката интелигенција, секако, е една од првите за која се јавува нужна потреба да се дискутира од неколку важни аспекти, вклучително и етничкиот, и техничкиот, педагошкиот. Факултетот за образовни науки е должен, има општествена одговорност да ги отвора овие прашања“, рече деканот на ФОН, проф. д-р Трајче Стојанов.

Проф. Д-р Сашо Коцевски ги истакна целите на креирањето на еден ваков водич за вештачката интелигенција во образованието, но и можните предизвици на наставниците и професорите.

„Се работи, практично, за водич за вештачка интелигенција кој е наменет за професорите, професорите и наставниците од основното образование и професорите од средното, како и за учениците. Истиот е напишан како коавторство на поголем број учесници од Универзитетот „Гоце Делчев“. Се работи за едно популарно четиво во рамките на кое се опфатени различни поглавја – од вовед во вештачката интелигенција, преку основни алатки кои може да ги употребуваат и наставниците и учениците, и нормално како истите да ги применат во наставниот процес од една страна, а на учениците да им овозможи поедноставно, поефикасно, побезбедно, но и поетичко користење на сите алатки за вештачка интелигенција.

Предизвиците се различни, улогата на наставникот е незаменлива, меѓутоа наставникот има и своја одговорност. Тој треба да биде ученик до крајот на животот, практично треба да се надградува и треба перманентно да биде во тек со новите технологии. Технички предизвици ќе има, но тоа не е најголемиот предизвик. Ако вие сте мотивирани, ако имате волја и желба, ако на крајот на денот сте вистински наставник, вистински учител, не би требало да имате предизвици и пречки во вашата секојдневна работа и нормално пречки во развојот и напредокот во кариерата.“

Видео

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.