Здружението „Пријатели на образованието“ по седми пат организираше конференција која по својата програма беше фокусирана на европските трендови и промените во наставата и учењето предизвикани од технологијата и вештачката интелигенција.

На конференцијата пленарно излагање, покрај Георги Димитров, кој е раководител на Одделението за дигитално образование при Европската комисија и кој зборуваше за европската перспектива за иднината на дигиталното образование и улогата на вештачката интелигенција во создавање инклузивни, креативни и квалитетни образовни системи, свое пленарно излагање имаше и професорот од Факултетот за образовни науки при УГД, проф. д-р Кирил Барбареев.

Образованието се трансформира пред наши очи. Секој ден се отвораат нови можности, но и нови прашања – особено кога станува збор за вештачката интелигенција (ВИ). Дали ВИ ќе го замени наставникот? Или ќе му помогне да биде уште подобар во тоа што го прави најдобро – да инспирира, да води и да образува?

На конференцијата учествуваа претставници на институции, еминентни домашни и странски предавачи,  претставници на партнер-организации, а беше наменета за наставници, стручни соработници, директори на училишта, едукатори, ИКТ координатори, истражувачи и сите што се заинтересирани за трансформацијата на образованието со помош на технологија.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.