По повод Денот на учителот - 5 октомври, Факултетот за образовни науки организира работилница на тема „Учителот во ера на вештачка интелигенција“, која ќе ја одржи д-р Сашо Коцевски, професор од научната област вештачка интелигенција и системи од Факултетот за информатика при Универзитет „Гоце Делчев“ -  Штип. 

Проф. д-р Коцески е автор на „Водич за вештачка интелигенција, наменет за наставници, стручни соработници и ученици“, кој беше подготвен од Факултетот за информатика при УГД - Штип, заедно со Министерството за образование и наука, и на оваа работилница ќе ги сподели своите искуства пред професорите, наставниците и пошироката јавност за оваа актуелна и важна тема.

Воедно, информираме дека оваа работилница ја организираме и во склоп на веќе започнатите серија предавања на важни општествени и образовни теми, кои годинава ги ставивме под наслов „Вештачка интелигенција и образование“, и истата претставува втор настан од овој серијал. Во блиска иднина ќе продолжиме да организираме настани на оваа тема, а на крајот од серијалот на оваа тема сите предавања кои ќе бидат одржани ќе бидат објавени во Зборник.

Настанот ќе се одржи на 3.10.2025 година, со почеток во 13.30 часот, во предавална бр. 1 на Факултет за образовни науки. 

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.