На 20.9.2025 година во Охрид беше потпишан Договор за соработка помеѓу Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип и Калифорниски политехнички универзитет „Хумболт“, Арката, Калифорнија – Хумболт.

Од страна на Унивезитетот „Гоце Делчев“ - Штип, Договорот беше потпишан од  ректорот проф. д-р Дејан Мираковски, застапуван од проректорот за инвестиции и развој, проф. д-р Дарко Лазаров, додека од американска страна од проректорот д-р Џен Капс, заменик-претседател за академски активности. Договорот беше потпишан во свечениот дел на манифестацијата „Денови на европското наследство“, која се одржа во Охрид, во организација на неколку институции: Министерство за култура, Министерство за европски прашања, Општина Охрид и Музеј на Охрид, како и музеите во Штип, Свети Николе, Виница, Прилеп и Битола.

Овој Договор отвора огромни можности за Факултетот за образовни науки, односно за студиската програма Историја и археологија, но и за Универзитетот „Гоце Делчев“, воопшто. Калифорнискиот политехнички универзитет „Хумболт“  (Cal Poly Humboldt) е еден од 22 универзитети во Државниот универзитетски систем на Калифорнија и претставува врвна високообразовна институција која нуди одлични можности за нашиот факултет, за вработените и за студентите, со оглед на фактот што точките на соработка се разновидни и многубројни.

Имено, согласно со Договорот, Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип и Калифорнискиот политехнички универзитет „Хумболт“ изразуваат желба да соработуваат на програми за размена и на спроведување на археолошки истражувања кои ќе ги зголемат образовните можности на нивните студенти, наставно-научниот кадар и персонал, во исто време проширувајќи ги сознанијата за македонското историско и културно наследство. 

Универзитетите го изразуваат особено својот заеднички интерес за развој на меѓународни програми за размена и археолошки истражувања во Пелагониската котлина и Пајонските долини на Македонија.

Честитки за проф. д-р Љубен Тевдовски од Факултетот за образовни науки, кој го организираше овој настан и ја доведе оваа соработка со американскиот универзитет до финална фаза на потпишување Договор за соработка. 

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.