Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип го одбележа Денот на учителите – 5 октомври, со организирање на Научно-стручна трибина. Ваква трибина се организира по петти пат, а годинава темата е „Да се биде учител...“

- Оваа наша трибина се одржува традиционално, по повод Денот на учителот, но и неделата на детето, а основна цел е средба на науката и практиката. Се надеваме дека и на оваа трибина ќе добиеме одговори врз основа на научни истражувања и практични искуства за тоа што значи денеска, во 21 век, да се биде учител. Во денешно време, преку социјалните мрежи, нашите деца имаат милиони, билиони учители, оттаму ги добиваат информациите. Но повторно се поставува прашањето: кој ги следи, кој ги вреднува овие учители кои се појавуваат на социјалните мрежи? Но не само што ќе ги поставуваме овие прашања, туку треба и себеси како учители да си поставиме прашања, дали ние како учители сме подготвени да ги подготвиме децата за иднината, но и да ги оспособиме да живеат во сегашноста. Во таа насока тоа е и улогата на учителскиот факултет – ние сме тие кои ги подготвуваме кадрите и развиваме љубов кон професијата учител – изјави проф. д-р Соња Петровска, декан на ФОН.

Трибината беше збогатена и со настап на ученици од ОУ „Ванчо Прке“, под раководство на наставничката Васка Дербова, како и рецитал од ученици од ОУ „Гоце Делчев“ под менторство на наставничките Марија Ристова и Весна Јованова, а со поетско читање се претставии студентката Бојана Митева, со цел да се потсети зошто се собираат учителите денес.

- Ова, всушност, е и вовед во темите кои се презентираат оваа година на трибината – што значи да се биде учител денес, зошто предизвик, која е причината и што заклучуваме од тоа што се случува со учителската професија денес, а каде ја гледаме иднината и перспективата на оваа професија. Учителот во класично, односно традиционално толкување не може да го замени ниту една машина, Тогаш машината би била учител. Учителот значи да се воспитува, но и да се образува, а воспитната страна на нашата професија, воспитната улога не може да ја замени никој друг – изјави проф. д-р Снежана Мирасчиева.


 

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.