Во свечената сала на Факултетот за образовни науки денес беше промовирана книгата „Во сенка на вистината“ од проф. д-р Душко Цацков. Станува збор за постхумно издание, а уредници беа проф. д-р Оливер Цацков од УГД и проф. д-р Анита Илиева од МАНУ.
- Книгата е пишувана од академскиот професор Душко Цацков, а пишувана е во периодот од 1949 до 1955 година. Од она што со колешката Анета Илиева од МАНУ го работевме извлековме повеќеслојни заклучоци. Еден е дека Цацков како да знаел дека ќе биде писател, затоа што оваа поезија и проза е пишувана на негови 13 години. Вториот заклучок е дека имате впечаток дека е пишувана сега. Темите се толку актуелни. Третата поента е дека оваа книга одбележува еден период и за градот Штип и за ликовите за поствоениот период на градот Штип - изјави проф. д-р Оливер Цацков на промоцијата на книгата.
На промоцијата беа присутни и бројни писатели, професори и студенти. Поетесата Славица Танева-Анева истакна дека професорот Цацков беше инспирација за многу генерации помлади поети во градот Штип.