Професор Љубен Тевдовски од Институтот за историја и археологија на Факултетот за образовни науки по повеќегодишна соработка со Алијансата на цивилизациите на Организацијата на Обединетите нации, во 2024 г. беше копретседател на Научната конференција „Мир и заедништво – патот пред нас“, која е дел од одбележувањето на Денот на човековото братство на Обединетите нации.

На меѓународната конференција, која се одржа на 5 февруари на Правниот факултет „Јустинијан Први“ во Скопје, Факултетот за образовни науки беше претставен со тројца предавачи: копретседателот на конференцијата професор Љубен Тевдовски, продеканот на ФОН професор Даниела Коцева и  раководителот на Катедрата за историја и археологија Верица Јосимовска, а од Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип настапи и професор Христина Серафимовска. Учествуваа тројца професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, двајца професори од Универзитетот на Југоисточна Европа и еден професор од Универзитетот „Св. Климент Охридски“ - Битола.

Конференцијата која е дел од светската прослава на Меѓународниот ден на човековото братство е посветена на меѓурелигискиот и меѓукултурниот дијалог. Во таа смисла на неа  учествуваа и значајни теоретичари од различните верски заедници, професори на теолошките факултети и претставници на значајни меѓународни невладини и хуманитарни организации, како Глобалниот совет за толеранција и мир, Институтот за меѓународни културни односи, Паневропската унија, Институтот за културно наследство и археологија и Македонскиот центар за меѓународна соработка.

Организацијата на Обединетите нации го воспоставила Меѓународниот ден на човековото братство на Обединетите нации, по повод потпишувањето на Документот за човеково братство за мир и заедничко живеење помеѓу Папата Франциско и Големиот имам Ахмед ел Тајеб во Абу Даби во 2019 година.

Професор Љубен Тевдовски, домаќин на високиот претставник на Алијансата на цивилизациите на Обединетите нации Исмаил Сарагелдин, основач и директор на Библиотека „Александријана“.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.