Голем број постари учители, првите ученици во Учителската школа на Штип и првенците од штипските училишта, денес се собраа на едно место да го одбележат јубилејот – 70 години учителско образование во Штип.
- Ние како Факултет за образовани науки и дел од УГД ги носиме традициите и достигнувањата од учителската школа. Денес наши професори – проф. д-р Снежана Мирасчиева, проф. д-р Емилија Петрова-Ѓорѓева и проф. д-р Снежана Јованова-Митковска ќе учествуваат во стручниот дел на трибината и ќе дебатираат на тема „Учителот и воспитувачот денес“ истакна деканката на Факултетот за образовни науки, проф. д-р Соња Петровска
Професорите од УГД ја збогатија свеченоста со свои анализи за тоа во која насока треба да се движи учителското образование и кои се предизвиците со кои се соочуваат. Тие истакнаа дека традицијата за наставници во Штип се следи и унапредува.
- Не само што се следи традицијата за наставници во тој домен, туку и се унапредува процесот на образование на наставници. Со оглед на тоа што ФОН е наследник на учителското образование корените се многу одамна, но ние не застануваме тука, туку продолжуваме понатаму следејќи ги европските тенденции, но и следејќи ги потребите кај нас истакна проф. д-р Снежана Мирасчиева од Факултетот за образовни науки
Прославата се одржа во Хотел „Оаза“ и на едно место собра голем број актуелни и поранешни професори и учители.