Студенти на програмата по историја на Факултетот за образовни науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип учествуваа на семинар насловен „Градење на капацитетите на младите историчари за справување со блиското минато“, организиран од Асоцијацијата на наставници по историја на Македонија (АНИМ), кој се одржа од 25 до 27 ноември во Охрид.

Од нашиот факултет учествуваа студентите Стефан Манов (IV година), Кирил Ѓоргиев (III година) и Ѓорги Јачев (I година), како и студентот по историја Мерт Атик (IV година) од Универзитетот во Бартин, Турција, кој е на размена на Универзитетот во Штип преку програмата Еразмус.

 

Семинарот отвори дијалог меѓу младите историчари — и студенти и наставници — за аспектите на помирувањето и транзициската правда поврзани со цивилните жртви на вооружениот конфликт во 2001 година. Нашите студенти имаа можност да се запознаат и да слушнат искуства од наставници по историја, учесници на семинарот, вклучително и наши студенти кои дипломираа на програмите по историја, меѓу кои се и организаторите на семинарот, Ана Мицеска, Ивана Поп-Антоски и Фросина Ѓорѓиески.

 Преку работилници нашите студенти ја осознаа улогата на историјата во школувањето, ја увидоа важноста на мирот во општеството и на напорите за соочување со контроверзните настани од блиското минато, а исто така имаа можност непосредно да ги применат знаењата и вештините стекнати на семинарот преку изработка на оперативни планови за час, кои ги изработија со помош на останатите учесници, наставници по историја.

 

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.