Изминатиот период Факултетот за образовни науки во соработка со НВО„ЛОЈА“ го имплементираа проектот „Втемелување на Мулти-етничка младинска работа во наставната програма на Универзитетите за идните наставници“. Имено, самиот проект беше спроведен преку теоретска обука од страна на стручни лица со интерактивни методи и техники, кои придонесоа студентите врз основа на теоретски сознанија и практични искуства да изградат поинаков поглед кон светот.
Во контекст на тоа се одржаа три обуки на тема „ Креативна трансформација на конфликти“. Студентите од Факултетот за образовни науки, Лилјана Тасева, Катерина Мутева и П‘нар Амушева беа вклучени во самиот проект и ја искусија практичноста на разработените теми, со што добија можност да бидат дел од напредната обука, каде споделуваa, комуницираа и соработуваа со своите колеги од други факултети. Студентките од напредната обука ни споделија свои позитивни искуства од нивното учество.
Лилјана Тасева: "Јас лично си поминав прекрасно! Да се биде дел од НВО„ЛОЈА“ пред се е голема предност која ни е во позитивна полза во текот на нашите студии па дури и после тоа. Во текот на обуката со самите активности кој ги имавме преку разни игри и техники ми се прошири погледот кон некои нешта и теми кои беа обработени. Толку одлично искуство, им благодарам и на целиот тим кој беше таму заедно со нас и благодарам за можноста да бидам дел од овој проект".
Катерина Мутева: "Да се биде дел од обуката на НВО „ЛОЈА“ е одлично искуство. Стекнатите знаења ќе најдат примена низ патот на нашите животи".
П‘нар Амушева: "Отидов со очекувања за да стекнам нови знаења, искуства, пријателства, спомени и тоа и го добив. Презадоволна сум и им се заблагодарувам на НВО„ЛОЈА“ за можноста да бидеме дел од нив".