Педагошкиот стаж во летниот семестар, учебната 2021/2022 година, за редовните, вонредните студенти кои се запишале на овој Факултет ќе се реализира од 03.05 до 23.05.2022, а истиот вонредните студенти ќе можат да го пријават кај референтот на студентски прашања од 11.04 до 20.04.2022.
Дополнително УПАТСТВО за реализација на педагошкиот стаж, во летниот семестар од академската 2021/2022 година студентите ќе добијат од одговорниот професор ментор.
*За студентите на одделенска настава одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Ирена Китанова.
*За студентите на предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Деспина Сивевска.
*За студентите на педагогија одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде доц. д-р Јадранка Рунчева.
*За студентите на историја-наставна одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Верца Јосимовска.
*За студентите на археологија одговорен професор-ментор кој со потпис во Пријавата, Потврдата и во Индексот ќе го потврди реализирањето на стажот ќе биде проф. д-р Трајче Нацев.
Штип, 04.04.2022 г.
Продекан за настава
Проф. д-р Даниела Коцева