Врз основа на Решение за акредитација бр.14-9417/3 од 27.07.2021 год. (Министерство за образование и наука), Правилникот за начинот и условите на следењето на наставата и полагањето на испитите за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка објавен во („Службен весник на РМ“ бр. 56 од 27 март 2014 година) и Правилникот за условите, постапката и правилата на студирање на програмата за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко -психолошка и методска подготовка на Факултетот за образовни науки, Универзитетот„ Гоце Делчев“ –Штип, објавува:

 

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ НА ПРОГРАМАТА ЗА СТРУЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА И МЕТОДСКА ПОДГОТОВКА НА

ФАКУЛТЕТОТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

при УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП

во  ЗИМСКИ СЕМЕСТАР, УЧЕБНАТА, 2026/2027 ГОДИНА

 

Право на упис на оваа програма имаат сите кандидати кои завршиле дипломски студии со освоени (240ЕКТС) на други факултети (ненаставна насока), а се вработиле како наставници или сакаат да се вработат како наставници во основно и средно образование.

Право на упис на програмата  имаат и лицата кои се стекнале со стручни или универзитетски студии VI-Б ниво од Македонската рамка на квалификации, а се вработиле или сакаат да се вработат како наставници за практична настава во средно стручно образование.

Програма за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко -психолошка и методска подготовка (настава и практичната настава) се организира во траење од 1 (еден) семестар, според критериумите на ЕКТС.

Трошоците за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.

Рокови за пријавување и запишување:

Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши во следните термини:

Пријавување на кандидатите

25 – 27 август 2026

Одлука за прием

1 септември 2026

Запишување на кандидатите

02 – 04 септември 2026

Приемен ден*

12.09.2026 во 10 часот

*Присуството е задолжително

Документи за пријавување и запишување:

При пријавувањето, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  1. Пријава со потврда за уплатени 50 денари за административна такса;
  2. Диплома за завршено високо образование (оригинал или заверена на нотар);
  3. Извод од матичната книга на родените (оригинал или заверена на нотар);
  4. Доказ за државјанство на РМ (Уверение, оригинал или заверена на нотар);

 

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  1. Индекс
  2. Две фотографии (3,5 x 4,5 см.)
  3. Пријавни листовисо потврда за уплатени 2x50 денари за административна такса
  4. Потврда за уплатени средства во висина од 250 евра во денарска противвредност, на жиро сметката на Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип.

 

*На  кандидатите  кои  се  стекнале со педагошка  доквалификација –наставнички  компетенции  после 15.02.2013 година  им  се признаваат  сите наставни и практични активности кои се компатибилни со новоакредитираната програма стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.