Им се соопштува на вонредните студенти од студиските програми: Предучилишно воспитување, Одделенска настава и Педагогија, кои треба да реализираат предиспитни активности во детска градинка, училиште, методичка пракса за предметите: Методика на развој на почетни математички поими 2, Методика на природонаучно и општествено подрачје, Методика на настава од природонаучно и општествено подрачје 2 да се пријават на е-адреса Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. кај проф. д-р Снежана Јованова-Митковска, најдоцна до 16.9.2024 година, за координирање и организирање на активностите, часовите.
Активностите, часовите, ќе се реализираат во ДУ и ООУ во општина Штип, почнувајќи од 25.9.2024 год., до половина од месец ноември 2024 г.
Предметен наставник,
проф. д-р Снежана Јованова-Митковска