Врз основа на Решение за акредитација бр. 14-9417/3 од 27.7.2021 год. (Министерство за образование и наука), Правилникот за начинот и условите на следењето на наставата и полагањето на испитите за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка („Службен весник на РМ“ бр. 56, 27 март 2014 година) и Правилникот за условите, постапката и правилата на студирање на програмата за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка на Факултетот за образовни науки, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, се објавува
КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ НА ПРОГРАМАТА ЗА СТРУЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА И МЕТОДСКА ПОДГОТОВКА НА
ФАКУЛТЕТОТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ
ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП
ВО ЗИМСКИ СЕМЕСТАР, УЧЕБНА 2024/2025 ГОДИНА
Право на упис на оваа програма имаат сите кандидати кои завршиле дипломски студии со освоени (240 ЕКТС) на други факултети (ненаставна насока), а се вработиле како наставници или сакаат да се вработат како наставници во основно и средно образование.
Програма за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка (настава и практичната настава) се организира во траење од 1 (еден) семестар, според критериумите на ЕКТС.
Трошоците за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.
Рокови за пријавување и запишување
Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши во следниве термини:
Пријавување на кандидатите |
26 – 28 август 2024 год. |
Одлука за прием |
30 август 2024 год. |
Запишување на кандидатите |
2 – 4 септември 2024 год. |
Приемен ден* |
7 септември 2024 год. во 10 часот |
*Присуството е задолжително
Документи за пријавување и запишување:
При пријавувањето, кандидатите ги поднесуваат следниве документи:
- Пријава со потврда за уплатени 50 денари за административна такса;
- Диплома за завршено високо образование (оригинал или заверена на нотар);
- Извод од матичната книга на родените (оригинал или заверен на нотар);
- Доказ за државјанство на РМ (Уверение, оригинал или заверен на нотар).
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
- Индекс;
- Две фотографии (3,5 x 4,5 см);
- Пријавни листови со потврда за уплатени 2x50 денари за административна такса;
- Потврда за уплатени средства во висина од 250 евра во денарска противвредност на жиро-сметката на Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип.
*На кандидатите кои се стекнале со педагошка доквалификација –наставнички компетенции, по 15 февруари 2013 година им се признаваат сите наставни и практични активности кои се компатибилни со новоакредитираната програма стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка.