Во свечена атмосфера, Институтот за применета философија и етика при Факултетот за образовни науки на Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на 20 декември 2021 година потпиша Меморандум за соработка со истражувачката лабораторија за апликативна философија од Националниот и каподистриски универзитет во Атина, Република Грција.

Од страна на Институтот при ФОН, Меморандумот го потпишаа проф. д-р Емилија Петрова-Ѓорѓева, декан на Факултетот за образовни науки и проф. д-р Трајче Стојанов, раководител на Институтот, додека од страна на Истражувачката лабораторија за апликативна философија - Атина, Меморандумот го потпиша раководителот, проф. д-р Евангелос Д. Протопападакис.

Истражувачката лабораторија за апликативна философија при Националниот универзитет во Атина (http://en.philosophylab.philosophy.uoa.gr/) е респектабилна меѓународна институција, во чиј фокус се истражувањата од областа на етиката, биоетиката, метаетиката и апликативната етика. Лабораторијата е основана уште во 1999 година, како автономна единица при Одделот за философија на Националниот универзитет во Атина, со бројни проекти, истражувања и публикации во своето портфолио, а актуелниот раководител, професорот д-р Евангелос Протопападакис (https://protopapadakis.gr/), е светски етаблиран научник, кој воедно е и шеф на грчката УНЕСКО катедра за биоетика. 

Двете страни со Меморандумот се обврзаа на меѓусебна соработка во сродните области на интерес и заеднички апликации пред европски институции и донатори. Во периодот што следува е договорена заедничка средба на тимови кои ќе ги конкретизираат идните проекти. Од своето основање во 2019 година, ова е трет договор за соработка што Институтот за применета философија и етика при ФОН го потпишува со сродни меѓународни институции, вмрежувајќи се на тој начин со меѓународни партнери, со што дополнително се зајакнува меѓународната соработка и можностите за развој на Институтот.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.