Врз основа на Решение за акредитацијабр. 13-10181 од 02.10.2014 год. (Министерство за образование и наука), Правилникот за начинот и условите на следењето на наставата и полагањето на испитите за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка објавен во („Службен весник на РМ“ бр. 56 од 27 март 2014 година)

и Правилникот за условите, постапката и правилата на студирање на програмата за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко -психолошка и методска подготовка на Факултетот за образовни науки, Универзитетот„ Гоце Делчев“ –Штип, објавува:

КОНКУРС ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ НА ПРОГРАМАТА ЗА СТРУЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА И МЕТОДСКА ПОДГОТОВКА НА

ФАКУЛТЕТОТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ

при УНИВЕРЗИТЕТОТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП

во летен СЕМЕСТАР, УЧЕБНАТА, 2019/2020 ГОДИНА

Право на упис на оваа програма имаат сите кандидати кои завршиле дипломски студии со освоени (240ЕКТС) на други факултети (ненаставна насока), а се вработиле како наставници или сакаат да се вработат како наставници во основно и средно образование.

Програма за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко -психолошка и методска подготовка (настава и практичната настава) се организира во траење од 1 (еден) семестар, според критериумите на ЕКТС.

Трошоците за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.

Рокови за пријавување и запишување:

Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши во следните термини:

Пријавување на кандидатите

2731 јануари 2019

Одлука за прием

3 - 5 февруари 2019

Запишување на кандидатите

6 – 12 февруари

Приемен ден*

/


*Присуството е задолжително

Документи за пријавување и запишување:

При пријавувањето, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  1. Пријава со потврда за уплатени 50 денари за административна такса;
  2. Диплома за завршено високо образование (оригинал или заверена на нотар);
  3. Извод од матичната книга на родените (оригинал или заверена на нотар);
  4. Доказ за државјанство на РМ (Уверение, оригинал или заверена на нотар);

При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:

  1. Индекс
  2. Две фотографии (3,5 x 4,5 см.)
  3. Пријавни листовисо потврда за уплатени 2x50 денари за административна такса
  4. Потврда за уплатени средства во висина од 250 евра во денарска противвредност, на жиро сметката наУниверзитетот „Гоце Делчев“ –Штип.

*На  кандидатите  кои  се  стекнале со педагошка  доквалификација –наставнички  компетенции  после 15.02.2013 година  им  се признаваат  сите наставни и практични активности кои се компатибилни со ново акредитираната програма стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.