Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип во понеделник (9 октомври) преку две активности ќе има можност да биде домаќин на реномираната професорка Јурка Лепичник-Водопивец од Педагошкиот факултет на Приморскиот универзитет во Копер,  Република Словенија.

Двојната програма се состои од промоција на книгата „Од образование за животна средина до одржлив развој во детските градинки“, токму од проф. д-р Јурка Лепичник-Водопивец, како и нејзиното предавање на тема „Современите тенденции во 21 век и импликациите врз активностите во детските градинки и наставата во училиштата“.

Д-р Лепичник-Водопивец е член на Советот за квалитет и евалуација при Министерството за образование, наука, култура и спорт на Република Словенија и активно учествувала во реформите на предучилишното воспитување во Словенија. Таа е редовен професор по педагогија, научен соработник, носител и предметен изведувач на додипломските и постдипломските студии на Педагошкиот факултет на Приморскиот универзитет во Копер. Нејзината истражувачка работа е концентрирана на студиите за професионален развој и компетенциитe на воспитувачите и наставниците, еколошката едукација и образованието за одржлива иднина, едукација за медиуми, педагошка комуникација, скриен курикулум и субјективни теории. Како истражувач е вклучена во програмската група „Истражување на наставата и учењето во современото општество“. Таа e автор на повеќе од сто научни и стручни трудови, објавени во Словенија и во странство. Има објавени шест монографии (три научни и три стручни). Како член на Регионалната стручна група за предучилишно воспитание, коавторка е на „Белата книга“ за воспитание и образование во Република Словенија, која излезе во 2011 година.

Промоцијата на книгата „Од образование за животна средина до одржлив развој во детските градинки“ ќе се одржи во понеделник (9 октомври 2017 година), со почеток во 11 часот, на Факултетот за образовни науки, а еден час подоцна, во 12 часот, започнува и предавањето на тема „Современите тенденции во 21 век и импликациите врз активностите во детските градинки и наставата во училиштата“.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.