Име и презиме: Стојко Стојков
Факултет каде што предавам, титула и област на специјализација:
Предавам на Факултетот за образовни науки како вонреден професор од областите на средновековна историја и византологија, специјализирам во етнички и идентитетски прашања.Образование:
Основно и средно образование завршив во мојот роден град Сандански, во Пиринска Македонија (Р Бугарија). Завршив Историја на Филозофскиот факултет при Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што магистрирав и докторирав.

Краток професионален профил:
Од 1992 до 1996 г. бев студент на Историја на Филозофскиот факултет при УКИМ, каде што дипломирав во 1998 г. и добив награда „Љубен Лапе“ за студент по историја дипломиран со највисок просек за соодветната година. Меѓу 1996 – 2000 г. соработував и објавував во списанието на Пиринската емиграција во Македонија „Пирински глас“. Од 1997 до 2002 г. работев како хонорарен преведувач од бугарски на македонски јазик и од македонски на бугарски јазик на историски документи по различни проекти за Државниот архив на Македонија. Меѓу 1999 – 2002 г. пишував за списание „Македонско сонце“. Во 2003 г. магистрирав на Филозофски факултет на тема „Македонија меѓу Византија и Бугарија (од крајот на 7 до почетокот 10 в.)“. Од 2004 до 2022 г. бев заменик на главниот уредник, новинар и технички уредник на весникот на Македонците во Бугарија „Народна волја“. Од 2005 до 2015 г. бев главен уредник на билтенот „Македонски глас“. Во 2013 г. докторирав на тема „Поимите Словени иБугари во Македонија и Бугарија (7 - 13 в.)“. Од 2014 до 2018 бев универзитетски доцент на Факултет за образовни науки при УГД - Штип, а од 2018 до 2023 г. сум вонреден професор на истиот факултет, каде што ги предавам предметите од областа на средниот век: Македонија, Византија, Европа и Медитеранот, како и предмети на втор циклус студии. Член сум на претседателството на Комитетот за византологија и медиевистика на Република Македонија од 2015 г.Во три збора би се опишал/а себеси како:
Човек што ја сака вистината.
На УГД се вработив (кога и како):Во 2014 г. станав доцент на Факултетот за образовни науки.
УГД ми помогна во мојот професионален развој преку:Можностите послободно да се концентрирам врз научните истражувања, како и да предавам и општам со младите генерации.
Во врска со УГД најмногу ми се допаѓа:
Флексибилноста, модерниот приод кон предавањата.
Омилен дел од мојата работа:
Научно истражување и пишување, предавања - разговор со студенти.
Од професионални достигнувања издвојувам:
Освен работата, напредокот и предавањата на Факултетот за образовни науки би ги издвоил уште:
Монографиите: Табу време на страв и страдање – прогонувањето на Македонците во Бугарија за време на комунизмот (1944 – 1989); Осудена надеж: македонското движење во Бугарија (1990 – 1993); „Ние сме Македонци и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза“ – Никола Вапцаров, зборник творби, спомени и документи; „Многуимените други: Македонија како пресечна точка на другоста на средновековниот Балкан (идентитетски студии)“, 2023.
Публикациите во престижни меѓународни списанија и зборници, како: Persecution of “Non-Existent”: Repression of Macedonians in Bulgaria during the Communist Period (1944 – 1989). In: Macedonia & its Questions. Studies on Language and Culture in Central and Eastern Europe (34). Peter Lang, Berlin (2020), pp. 205-255; From ‘Nations’ to ‘Archontias’ (I) ‘Sclavinia’ and ‘Sclavoarchontia’: Terms and Chronology . Slověne, International journal of Slavic studies, 2020, 9 (1), 8 - 28; From ‘Nations’ to ‘Archontias’ (II) Terms ‘Sclavinia’ and ‘Sclavoarchontia’ and Incorporation of Balkan Slavs in Byzantium. Slověne, International journal of Slavic studies, 2020, 9 (2) и др.
Учебникот: „Империјата на Новиот Рим (1025 – 1453)“.
Методологија која ја користам во работата со студентите:
Комбинирање на монолог со дијалог, читање и анализирање на историски извори, користење слики и мапи.
Најважно во работата со студентите е:
Општењето, заедничкото расудување и дискусија, учењето преку животни примери, поврзувањето на науката и теоријата со животот, меѓусебното почитување, охрабрување на љубовта кон знаењето.
Животна мудрост која ја споделувам:
Барајте ја вистината и вистината ќе ве ослободи.
Книга, видео, филм, поткаст или настан кој би го препорачал/а:
Ако треба да е една книга -  „Библија“. Понатаму има безброј убави работи кои би можеле да се препорачаат, но не можам да издвојам само по една од секој вид. 
Совет за младите како идни студенти:
Да се трудат да размислуваат логички, чесно, објективно и критички, стремејќи се кон вистината, но никогаш да не паѓаат во заблудата дека знаат веќе сѐ и дека сѐ им е јасно.
За повеќе информации за можностите што ги нуди УГД, посетете ја нашата веб-страница: https://www.ugd.edu.mk/index.php
Детални информации за студиската насока и факултетот се достапни на следниов линк: https://fon.ugd.edu.mk/documents/studiski/1-ciklus/2021-2022/istorija-studiska.pdf
Едукативни и информативни колумни од нашите професори може да најдете на следниов линк: https://life.ugd.edu.mk/index.php/nauka

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.