Врз основа на Решение за акредитација бр.14-9417/3 од 27.7.2021 год. (Министерство за образование и наука),
Правилникот за начинот и условите на следењето на наставата и полагањето на испитите за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка објавен во („Службен весник на РМ“ бр. 56 од 27 март 2014 година) и Правилникот за условите, постапката и правилата на студирање на програмата за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка на Факултетот за образовни науки, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, објавува
КОНКУРС
ЗА ЗАПИШУВАЊЕ НА КАНДИДАТИ НА ПРОГРАМАТА ЗА СТРУЧНО И ПРОФЕСИОНАЛНО УСОВРШУВАЊЕ ЗА СТЕКНУВАЊЕ НА ПЕДАГОШКО-ПСИХОЛОШКА И МЕТОДСКА ПОДГОТОВКА НА
ФАКУЛТЕТОТ ЗА ОБРАЗОВНИ НАУКИ ПРИ УНИВЕРЗИТЕТ „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ШТИП ВО ЛЕТЕН СЕМЕСТАР, УЧЕБНАТА, 2025/2026 ГОДИНА
Право на упис на оваа програма имаат сите кандидати кои завршиле дипломски студии со освоени (240 ЕКТС) на други факултети (ненаставна насока), а се вработиле како наставници или сакаат да се вработат како наставници во основно и средно образование.
Програма за стручно и професионално усовршување за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка (настава и практичната настава) се организира во траење од 1 (еден) семестар, според критериумите на ЕКТС.
Трошоците за стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка (педагошка доквалификација) изнесуваат 250 евра во денарска противвредност.
Рокови за пријавување и запишување
Пријавувањето и запишувањето на кандидатите се врши во следните термини:
|
Пријавување на кандидатите |
26 – 28 јануари 2026 год. |
|
Одлука за прием |
30 јануари 2026 год. |
|
Запишување на кандидатите |
2 – 4 јануари 2026 год. |
|
Приемен ден* |
7 февруари 2026 год. во 10 часот |
*Присуството е задолжително
Документи за пријавување и запишување
При пријавувањето, кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Пријава со потврда за уплатени 50 денари за административна такса;
- Диплома за завршено високо образование (оригинал или заверена на нотар);
- Извод од матичната книга на родените (оригинал или заверена на нотар);
- Доказ за државјанство на РМ (Уверение, оригинал или заверена на нотар).
При запишувањето, примените кандидати поднесуваат:
- Индекс;
- Две фотографии (3,5 x 4,5 см);
- Пријавни листови со потврда за уплатени 2x50 денари за административна такса;
- Потврда за уплатени средства во висина од 250 евра во денарска противвредност, на жиро-сметката на Универзитетот „Гоце Делчев“ –Штип.
*На кандидатите кои се стекнале со педагошка доквалификација –наставнички компетенции по 15.2.2013 година им се признаваат сите наставни и практични активности кои се компатибилни со новоакредитираната програма стекнување на педагошко-психолошка и методска подготовка.