Педагошкиот стаж во летниот семестар, во студиската 2022/2023 година, за редовните и вонредните студенти кои се запишале на овој Факултет ќе се реализира од 8 до 30 мај 2023 година, а истиот вонредните студенти ќе можат да го пријават кај референтот на студентски прашања од 19 до 28 април 2023 г.
Дополнително УПАТСТВО за реализација на педагошкиот стаж, во летниот семестар од академската 2022/2023 година студентите ќе добијат од одговорниот професор ментор.
*За студентите на Одделенска настава одговорен професор-ментор кој со потпис во пријавата, потврдата и во индексот ќе го потврди реализирањето на стажот e
проф. д-р Ирена Китанова.
*За студентите на Предучилишно воспитание одговорен професор-ментор кој со потпис во пријавата, потврдата и во индексот ќе го потврди реализирањето на стажот e проф. д-р Деспина Сивевска.
*За студентите на Педагогија одговорен професор-ментор кој со потпис во пријавата, потврдата и во индексот ќе го потврди реализирањето на стажот е
доц. д-р Јадранка Рунчева.
*За студентите на Историја - наставна одговорен професор-ментор кој со потпис во пријавата, потврдата и во индексот ќе го потврди реализирањето на стажот e
проф. д-р Верица Јосимовска.
*За студентите на Археологија одговорен професор-ментор кој со потпис во пријавата, потврдата и во индексот ќе го потврди реализирањето на стажот e
проф. д-р Трајче Нацев.
Штип, 12.4.2023 г. Продекан за настава
Проф. д-р Даниела Коцева