Врз основа на член 37 од Законот за високо образование („Службен весник на Република Македонија“ бр.82/18 и 178/21), член 417 од Статутот на Универзитет „Гоце Делчев" – Штип (Универзитетски гласник бр.40) и член 121 од Статутот на Факултетот за образовни науки (Универзитетски гласник бр.44), деканот на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип, на 23.2.2023 година, ја донесе следнава
О Д Л У К А
за распишување Избори за избор на членови на Факултетско студентско собрание на Факултетот за образовни науки и именување на Изборна комисија за спроведување на избори со тајно гласање/ електронски
Член 1
Деканот на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип распишува Избори за избор на членови во Факултетско студентско собрание на Факултет за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев" - Штип.
Член 2
Се формира Изборна комисија за спроведување на избори со тајно гласање/електронски за избор на членови во Факултетско студентско собрание на Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев" – Штип, во состав:
- Проф. д-р Ирена Китанова - претседател;
- Проф. д-р Даниела Коцева - член;
- Благој Јованов 142273 - студент-член;
- Верица Димитрова 142283 - студент-член;
- Стефани Илиева 142300 - студент-член.
Член 3
Кандидатите за членови во Факултетското студентско собрание доставуваат пријава потпишана и скенирана по мејл или по пошта во рок од 10 дена од донесувањето на Одлуката, односно до 5.3.2023 год.
Изборите / Процесот на тајно гласање ќе се одржат на 24.3.2023 год. (петок) - електронски.
Член 4
Одлуката влегува во сила со денот на донесувањето.
Член 5
Примерок од Одлуката да се објави на страницата на единицата, членовите и архивата.
Декан,
проф. д-р Емилија Петрова Ѓорѓева