25 години од основањето на Педагошкиот факултет/Факултет за образовни науки

Нашиот факултет од Виша педагошка школа, Педагошка академија, Педагошки факултет „Гоце Делчев“, а сега Факултет за образовни науки слави 25 години од неговото постоење. Затоа 2020 година има големо значење за развојот и величината на Јубилејот и заслужува внимание.

По тој повод факултетот организира on – line научно-стручна конференција на тема: Образованието денес/Предизвиците пред современата педагошка наука.
Целта на оваа конференција е да понуди еден нов приод кон образованието и проучување на педагошките проблеми. Ситуацијата во последните месеци најпрво ја разбранува педагошката, а потоа и целата јавност, покренувајќи низа прашања и дилеми околу организација на образованието и наставата. Конференцијата е посветена на она што е актуелно денес, без целосна гаранција дека било во теоријата или во практиката ќе остане така и во иднина. Врз основа на понудениот пристап на третирање на педагошките проблеми ќе  понудиме можност педагошките прашања да се согледаат во нивната взаемна поврзаност, но истовремено и да се постават контурите на иднината кои ќе ја исцрта положбата на човекот во современото општество.
На конференцијата ќе се обидеме со нов пристап и елаборација да одговориме на прашањата: Што со часовите во редовната настава, каква е таа настава на далечина или on-line настава, кој модел на настава, како ќе се води педагошката документација, евиденција, каде се часовите од дополнителна и додатна настава, што со домашната работа, учење преку проекти, работни денови, тв настава, настава со помош на компјутер. Тоа се дилемите кои се  во фокусот на внимание на сите педагошки работници од сите нивоа на образовни институции.

Се разбира дека ова не се сите прашања и актуелности во моментот, затоа што дилемите за следење и евалуација на постигањата на оној што учи, објективноста на оценката, индивидуализираниот пристап во воспитно-образовниот процес, способноста на наставникот, условите во кои работи ученикот/студентот во овој момент добива сосема друга димензија, па бројните теориски размислувања и идеи и нивната практична функционалност се предмет на интерес на оваа конференција.

Вашите идеи, предлози и сугестии ќе дадат особен придонес за унапредувањето на педагошката мисла и воспитно-образовна практика како и креирањето на образовната политика.

Сo вашето учество ќе се фрли ново светло врз третманот на педагошките прашања,  истовремено ќе ја определи сликата и ќе се дополни претставата за  новонастанатата ситуација во моментот, кај нас и во светот.

Организирањето на конференцијата  е прва активност, од многуте активности кои ги предвидовме за одбележување на нашиот Јубилеј.

Секој прилог е добредојден и пред сѐ, прекрасен подарок во чест на големиот јубилеј 61 години воспитно – образовна дејност, 59 години Педагошка академија и 25 години Педагошки факултет.

Трудовите ќе бидат објавени во списанието ВОСПИТАНИЕ.

За учество на конференцијата, нема котизација. Еден автор може да учествува најмногу со два труда. Трудовите кои нема да бидат согласно упатството за подготовка, нема да бидат прифатени и објавени.

 

Трудовите (на англиски јазик)  можете да ги доставите на следниве адреси најдоцна до: 30/06/2020

  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
  • Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Editorial Board: http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/about/editorialTeam

Упатство за подготовка на трудовите

http://js.ugd.edu.mk/index.php/vospitanie/about/submissions.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.