Проф. д-р Трајче Нацев од Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ ја промовираше својата книга „Ранохристијанската архитектура во источните области на Република Македонија“.

Сѐ што е напишано во книгата припаѓа на еден долг временски период, можеби над три децении, и во книгата ги опфаќа сите објекти кои се поврзани со ранохристијанската архитектура, во временска рамка од IV до крајот на VII век“, вели проф. д-р Трајче Нацев. „Значи, влегуваат базиликите, потоа крстилниците и гробниците. Во книгата е направена типологија на сите овие базилики, цркви, гробници, ставени се во една категорија, и тие припаѓаат на една временска рамка од IV до VII век. Влијанијата кои се присутни во овие објекти се под Константинопол и се направени по христијанскиот камен“, вели Нацев.

За ректорот на УГД, проф. д-р Блажо Боев, нема двојба дека Универзитетот треба да поддржува вакви проекти: „Универзитетот е чувар на националното достоинство на граѓаните и како таков мора да поддржува активности на промоција на културно наследство. Мислам дека книгата за ранохристијанската архитектура на овие простори е исклучително важно прашање во поглед на она што значи наше битисување на овие простори и истражувањата одат во насока да го потврдат нашиот идентитет во оние ранохристијански развојни периоди во развојот на секоја држава, па и на нашата. Затоа ние како Универзитет без резерва поддржуваме вакви активности и мислам дека ако тоа Универзитетот не го прави, што би правеле? Нема резерва во тоа дека треба да ја поддржуваме таа активност“, изјави Боев.

Книгата ја промовираше проф. г-р Виктор Лилчиќ-Адамс од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“.

Видео

<pstyle="text-align: center;">

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.