На Факултетот за образовни науки при Универзитет „Гоце Делчев“ во Штип беше промовирана монографијата „Сергеј Михајлов - живот и дело“ на проф. д-р Наташа Диденко, а промотори беа проф. д-р Билјана Ристовска-Јосифовска и академик Драги Ѓоргиев.

Плодното музичко творештво на Михајлов, неговиот живот, тестаментите и низа други моменти од животот на Михајлов се на едно место во монографијата која денес беше промовирана пред штипјани. Авторката Диденко изјави дека станува збори за материјали кои досега не биле објавени, а желбата да работи токму за Сергеј Михајлов, кој е режисер на првата изведена опера во земјава „Палјачи“, во 1925 година во Штип, се појавува благодарение на неговата плодна музичка кариера и она што го остава за основците и средношколците.

- Монографијата е заснована на досега необјавени архивски материјали, во кои посебен интерес претставува плодното музичко творештво на Сергеј Михајлов. Исто така, и тестаментите кои, за жал, се откриени 39 години по неговата смрт и не ја задржале својата вистинска вредност. За него досега е парцијално пишувано во однос на неговата дејност за поставувањето на првата опера - рече Диденко.

Академик Драги Ѓоргиев вели дека Штип е најдобрата опција за промоција на ова дело. Посочува дека штипјани треба да бидат горди на оваа монографија.

- Тој е еден од онаа плејада на руски бегалци кои својот дом го наоѓаат на овие простори и Штип треба да биде горд - изјави Ѓоргиев.

Во монографијата за првпат се изложени лични податоци, а сведоштвата се на дел од учениците на Сергеј Михајлов.

Технички секретар

Бистра Василева-Ушинова
Тел: +389 32 550 500
E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
Адреса: ул. „Крсте Мисирков“ бр. 10-А
Пош. фах 201, Штип - 2000, Р.Македонија

Студентски прашања

Штип - Милена Цацкова

Тел: +389 32 550 062

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

Струмица - Цонка Чеботарева

Тел: +389 32 550 578

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.

 

Секретар

Марјан Ристов

Тел: +389 32 550 182

E-mail: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.